Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е заинтересиран за Марко Верати. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред размислува да го напушти ПСЖ, а клубот е подготвен да го продаде. Според „Le Parisien“, неколку клубови, меѓу кои и Манчестер сити, изразиле интерес за фудбалерот. Сепак, играчот се уште нема донесено конечна одлука за заминување, иако е отворен за нов предизвик. Триесетгодишниот Верати оваа сезона забележа 27 настапи во Лига 1.
Манчестер сити заинтересиран за Верати
предходна објава