Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Кукуш

Македонец на возраст од 55 години загина во сообраќајна несреќа во близината на Килкис (Кукуш). Во несреќата што вчера попладне се случила во северниот дел на Грција, се судириле два автомобила животот, при што загина 55-годишен Македонец, јавуваат грчките медиуми.

Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Во вториот автомобил заедно со 44-годишната, се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња, а сите биле пренесени во болница

Причините за несреќата засега не се познати, а започната е прелиминарна истрага.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа кај Неа Санта во пошироката област на Килкис (Кукуш).

Слични објави