ОВЕН
Си поставивте пред себе еден куп мали задачи и се надевате дека ќе успеете да ги завршите до крајот на работното време. За жал, можеби нема да можете да постигнете сè. Премногу сте критични кон саканата личност.
БИК
Иако енергијата на овој ден ви одговара, тешко дека ќе успеете целосно да се посветите на деловните обврски. Некои лични проблеми или ситуации поврзани со домот и семејството – премногу ви го одвлекуваат вниманието. Емотивниот партнер може да ви го подигне расположението.
БЛИЗНАЦИ
Комуникацијата или средбата со личност која е важна за вашиот бизнис ја постигнувате на полесен начин отколку што се надевавте. Ќе имате помалку проблеми да се прилагодите на нејзините услови или околности на договорот. Во вашата околина доаѓа интересна личност.
РАК
Одличен момент е да започнете некои деловни приказни. Сепак, не се нервирајте ако договорите се пробни, нејасни, не се откажувајте лесно од вашите цели. Премногу сте скептични кон една личност која ви е блиска.
ЛАВ
Иако се надевавте на поголема сума на пари, денеска ќе мора да се задоволите со „ситници“. Колку и да се трудите, ве очекуваат половични резултати во се што е поврзано со работата. Средба со личност ве заинтересира, но засега ништо спектакуларно не се случува.
ДЕВИЦА
Проблеми во комуникацијата – иако ќе се трудите да им зборувате јасно и концизно со оние со кои стапите во контакт, прашање е дали ќе ве разберат на вистински начин. Забележувате дека денес поинтензивно околу вас „висат“ припадниците на спротивниот пол.
ВАГА
Додека од една страна има многу што ве мачи и оптоварува, од друга не правите ништо за да го промените тоа. Како да чувствувате дека не е време за дејствување. Добри контакти со пријателите, а преку нив можете да запознаете нови и интересни луѓе.
СКОРПИЈА
Свесни сте дека некои информации што ги поседувате се многу важни за вашиот понатамошен деловен живот. Го чекате вистинскиот момент да ги ставите на дневен ред. Почнувате да гледате на некој што го познавате низ работата на поинаков начин.
СТРЕЛЕЦ
Ќе имате големи очекувања, но не се разочарувајте доколку не успеете да постигнете се што сте планирале. Ќе има денови за мегдан. Некој ви испраќа сигнали дека се заинтересирани за вас, а вие сте збунети затоа што не сте го очекувале ова.
ЈАРЕЦ
Некои планови кои долго време чекавте да почнете да ги спроведувате, може да оживеат. Силни деловни контакти со луѓе кои ви даваат голема поддршка. Емотивниот партнер има предлози за вас – слушајте ги, бидејќи тие можат да го подобрат квалитетот на вашата врска.
ВОДОЛИЈА
Целосно сте опфатени со размислување за пари. Нешто што одамна требаше да го платите сега е на дневен ред и го нарушува она што сте го планирале. Саканата личност нема претерано разбирање за вашето однесување и ќе ви го разјасни тоа.
РИБИ
Се обидувате да ги потсетите деловните партнери или претпоставениот за зделки кои веќе треба да се во движење. Немојте да се чудите ако ова не се случи и денес. Можеби очекувате премногу од емотивните настани во текот на овој ден.