Во лудиот мечот помеѓу Лион и Монпелје, Александер Лаказет постигна гол од пенал во 99-тата минута за победа на екипата од Лион со 5:4. Иако Лаказет го донесе водството на Лион во 31-та минута, домаќините потоа доживеаја колапс и дозволија на Монпелје да забележи четири гола во периодот од 40-тата до 55-тата минута за 1:4 водство.
Но, потоа на сцена настапи повторно Лаказет кој успеа да намали на 2:4 во 59-тата минута, за да потоа Дејан Ловрен им даде надеж за камбек во 70-тата минута, а Лаказет повторно беше стрелец во 82.-та минута за израмнување.
Кога веќе сите мислеа дека натпреварпт ќе заврши со реми, на крајот во 99-тата минута беше досуден пенал за домаќинот, а Лаказет беше прецизен од белата точка за да го комплетира неверојатниот камбек на Лион. Ова беше еден од најлудите мечеви оваа сезона.