Крвав напад во метро во Тајван: Тројца загинати, девет повредени

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку тројца беа убиени, а девет беа повредени во напад што го потресе тајванскиот главен град Тајпеј синоќа. Напаѓачот, вооружен со нож и димни бомби, ширел паника на станиците на метрото за време на шпицот, а подоцна починал откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-би-си.

Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната метро станица во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг-таи, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, прво активирал димни бомби и молотови коктели. Еден човек кој се обидел да го запре бил погоден со тап предмет, а подоцна починал во болница.

После тоа, напаѓачот избегал низ подземниот трговски центар до блиската станица Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. Патем, застанал во својот хотел за да земе оружје, а потоа се вратил на улицата пред станицата Џонгшан каде што активирал дополнителни димни бомби и напаѓал минувачи со нож.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како луѓе бегаат во паника додека напаѓач облечен во црно фрла димни бомби. Бегајќи од полицијата, напаѓачот влегол во блиската книжарница и продавница. Откако полицијата го опколила, тој паднал од зградата и починал кратко потоа во болница. Неговиот мотив засега е непознат.

Премиерот Чо Џунг-таи нареди зголемени безбедносни мерки на станиците на метрото, железничките станици и аеродромите.

https://twitter.com/theinformant_x/status/2002019248881746331?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2002019248881746331%7Ctwgr%5E9327f2401b839b02f810ef0e9a4007502becb4b8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-krvav-napad-vo-metro-vo-tajvan-trojca-zaginati-devet-povredeni%2F

Слични објави