Консеисао наследник на Спалети??

Новиот фаворит за наследник на Лучијано Спалети во Наполи, според информациите од „Скај Италија“, е тренерот на Порто, Серџо Консеисао. Претседателот на Наполи, меѓу другото, му понудил на Консеисао плата од 6 милиони евра по сезона. Консеисао е моментно фаворит за позицијата, а алтернативи се Винченцо Италијано и Тијаго Мота.

Серџо Консеисао има искуство во Серија А, каде играше за Лацио, Парма и Интер. Во летото 2021 година, неговото име беше поврзувано со Наполи, но на крајот изборот падна на Спалети.

Имајќи во предвид дека во медиумите, во последниве денови најмногу се спомнуваше Луис Енрике, но по се изгледа дека Шпанецот нема да го видиме на клупата на “Диего Армандо Марадона” поради неговиот примарен интерес да работи во Англија.

Слични објави