Урош Вукашиновиќ (28), вработен во фирмата ќерка на Телеком Србија на Косово и Метохија, мц доо, бил киднапиран утрово околу 7 часот и 30 минути во близина на Лепосавиќ додека патувал на работа, се вели во соопштението на Телеком, пренесуваат српските медиуми.
„Според досегашните информации, Урош како и секој работен ден отишол на работа од својата куќа кај Лепосавиќ, но не стигнал на работа, бидејќи бил пресретнат и киднапиран од бел автомобил Фолксваген без видливи ознаки.