Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски автомобилист, ја започна новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки со освојување на првото место на трката во Франција.
Оваа трка е традиционално првата станица на Европскиот шампионат, на која беа пријавени 190 натпреварувачи, од кои Иџе е единствениот Македонец.
Иако победи, сепак заврши трет во генералниот пласман, но најбитно е дека нашиот Иџе го покажа својот талент и потенцијал за успешна сезона во оваа конкуренција.