Заклучно до 8 август, во земјата се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Починати досега се осум лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во текот на изминатата недела (2-8.9.2026) пријавени се да нови случаи, од Скопје и Свети Николе. Регистрирани се и два нови смртни исходи, од Скопје.
Сите починати се од Скопје и се мажи. Просечната возраст на починатите е 71,9 година, сите биле хоспитализирани, а седуммина имале коморбидитети.
И од вкупно заболените 58 лица, повеќето се мажи 46, а 12 се жени.
Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.
Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Во однос на возрасната дистрибуција, повеќето се на возраст над 60 години – 47 (81,0 %), седуммина се на возраст од 50 до 59, едно лице од 30 до 39, а три лица на возраст од 20 до 29 години. Просечната возраст изнесува 66,1 години.
Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 38 или 65,5 % е регистиран во август. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во јули, два во јуни, а кај еден случај во мај.
Сите заболени со невроинвазивна болест (56) биле хоспитализирани, 55 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во „Аџибадем Систина“.
Испишани се 43 или 76,8 % од хоспитализираните потврдени случаи;
Сè уште на лекување во болница се пет лица.
Западнонилската треска првпат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. За истиот период регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.
Во 2026 година е регистрирано значително зголемување во однос на претходните години, и на заболени и на починати.