Инзаги: За разлика од порано, сега ги претвораме нашите шанси во голови

од Вести365.МК Ј.Р.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за главната промена во тимот, а тоа е ефикасноста. Интер вчеравечер ја победи Верона со 6:0.

– Главното нешто што се промени е тоа што ги претвораме нашите шанси и постигнуваме гол. Не можеме да зборуваме за друг Интер, денеска постигнавме шест гола, додека на неколку други натпревари не успеавме да постигнеме гол и покрај тоа што игравме добро. Се надевавме дека ќе го задржиме ваквиот тренд и во финалето на Купот на Италија и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Можевме да одиграме подобро во првенството, но има уште натпревари пред нас и сакаме да завршиме меѓу најдобрите четири, изјави Инзаги за клупскиот сајт на Интер.

„Нероазурите“ се наоѓаат на 4. место во поредокот на италијанскиот шампионат со 60 бодови од 33 натпревари.

Слични објави