Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе отпатува за Берлин на 13 мај, објави денеска германскиот весник „Тагешпигел“.
Весникот наведува дека на 14 мај Зеленски ќе биде примен од германскиот канцелар Олаф Шолц со воени почести, а потоа украинскиот претседател ќе одлета за Ахен каде ќе ја прими наградата „Карло Велики“ за 2023 година, пренесе „Ројтерс“.
Наградата во 2023 година ја добија украинскиот претседател и украинскиот народ, објавија во декември Дирекцијата за наградата „Карл Велики“ и градот Ахен.
Во образложението се наведува дека украинскиот народ под водство на Зеленски не само што го брани суверенитетот на својата земја и животите на своите граѓани, туку и Европа и европските вредности.
Таа награда се смета за една од најзначајните во Европа, пренесе Дојче веле.