Евролига Ф4: Реал и Олимпијакос закажаа финале во Каунас!

Кошаркарите на Реал Мадрид се реваншираа на големиот ривал Барселона во завршниот турнир на Евролигата, со победа од 66-78. Оваа победа им овозможи да се пласираат во финалето на турнирот. Во другото полуфинале, Олимпијакос славеше над Монако и ќе биде противник на Реал Мадрид во финалето.

На почетокот, Реал Мадрид поведе со 3-10, но Барселона се врати во играта и кварталот заврши со нерешен резултат од 18-18. Во втората четвртина, Барселона превзема водство и води со 42-36 по дваесет минути.

Во третата четвртина, Реал Мадрид направи серија од 13-0 и превзема водство со 55-58 пред влез во последната четвртина. Во завршницата, Реал Мадрид игра подобро на нерви и слави со 66-78.

Најистакнати играчи за Реал Мадрид беа Таварес со 20 поени и 14 скока, Хезоња со 14 поени и Родригез со 12 поени. За Барселона, најефикасен беше Абринес со 16 поени и Лапровитола со 12 поени.

Слични објави