Актерката Анџелина Џоли во нов филм ќе ја игра познатата оперска дива Марија Калас.
На социјалната мрежа „Х“ беа објавени првите фотографии од Џоли во оваа улога, а луѓето веќе имаат големи очекувања од овој филм.
Реализацијата наречена „Марија“ ја режираше Чилеанецот Пабло Ларин кој ги режираше и филмовите „Спенсер“ и „Џеки“.

„Се надевам дека извонредниот живот и делото на Марија Калас уште повеќе ќе ги доближиме до публиката ширум светот благодарение на прекрасното сценарио на Стивен Најт, работата на целата актерска екипа и филмската екипа, а особено талентот и посветеноста на Анџелина“, рече Лареин, пренесе „People“.