Градоначалничката Данела Арсовска не кажува дали огласот за враќање на приватните превозници како дел од јавниот превоз во Скопје е успешен или пак ќе го поништи како минатиот пат без да даде објаснување зошто.
Четвртиот оглас кој беше распишан на 10 април траеше до 24 април, но Арсовска не кажува ништо, иако пола година јавниот превоз во Скопје е во колапс и граѓаните со саати чекаат на автобуските станици, објави СДК.
Од кабинетот на Арсовска и на страната на Град Скопје не е објавена никаква информација.
Од СДК велат дека на 3 мај испратиле прашање до кабинетот на Арсовска и Одделението за односни со јавност на Градот за тоа што се случува со огласот за приватни превозници, но одговор нема. Прашање испратиле лично и до Арсовска, но таа не одговори на нашата порака.
Ниту приватните превозници не знаат што се случува со огласот и дали воопшто Арсовска има намера да ги врати во јавниот превоз. Ни рекоа дека немаат никакви информации и за сите прашања да се обратиме во Градот.