Готвела сто часа за да собори светски рекорд

од Вести365.МК Ј.Р.

Хилда Бачи зготви повеќе од сто различни јадења откако го вклучи шпоретот во четвртокот.

Готвачка од Нигерија стана национална сензација откако готвеше повеќе од 90 часа без застанување во обид да го собори светскиот рекорд.

Хилда Бачи направи повеќе од сто различни јадења откако го вклучи шпоретот во четвртокот во три часот попладне во Лагос.

Политичарите и познатите ја бодреа, како и публиката која ја гледаше додека готви.

Сегашниот рекорд е 87 часа и 45 минути и беше поставен од индискиот готвач Лата Тондон во Рева во 2019 година.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека ќе ги разгледа доказите пред да прогласи нов светски рекорд.

Бачи, којa има 27 години, првично планиралa да готви 96 часа, до три часот попладне во понеделник.

Но, толпата што се собрала пред местото каде што готви, ја поттикнала да издржи додека не стигне до стотиот час готвење.

Готвела претежно нигериски оброци, како што се различни видови јадења со ориз и тестенини, а правела и акара, популарно слатко направено од пржено пире од грав.

На поканетите гости им беше послужена храна.

Нејзе ѝ било дозволено да има по еден асистент и да паузира по пет минути во текот на секој час, или да направи подолга пауза доколку акумулира неколку паузи.

„Овој обид е доказ за силата што младите можат да ја покажат со вистинската идеја и поддршка“, изјави готвачkата за Би-Би-Си пред да започне со маратонското готвење.

Хилда покажувала видливи знаци на физички напор и ставала ладни облоги на главата и ги масирала стапалата за време на паузите.

Доктор ја проверуваше нејзината состојба.

Готвачката имаше голема поддршка, а и дојдоа високи функционери во државата.

„Горди сме на Хилда. Ќе продолжам да ги следам вестите и со нетрпение ги очекувам конечните резултати“, изјави гувернерот на Лагос, Бабаџид Санво-Олу.

Не е првпат Хилди да учествува во кулинарски предизвици.

Во 2021 година победи на првото издание на кулинарски натпревар во подготовка на познат африкански специјалитет, а ривал во финалето и беше готвачка од Гана.

Таа рече дека нејзината страст за готвење е инспирирана од техниките за готвење на нејзината мајка и дека нејзините рецепти се домашни.

Слични објави