Демократскиот пратеник од Вирџинија, Гери Коноли, рече дека маж со метална палка влегол во неговата канцеларија во Ферфакс во понеделникот и нападнал двајца вработени, погодувајќи еден во главата. Тој додаде дека повредените вработени се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 49-годишниот Ксуан Ка Тран Фам од Ферфакс. „Во овој момент не е јасно која била мотивацијата на осомничениот“, соопштија тие.
Си-Ен-Ен разговараше со таткото на напаѓачот, кој рече дека Фам боледува од шизофренија, дека три месеци не ги зема лековите и дека претходно бил обвинет за напад, но обвинението потоа било отфрлено. Коноли вели дека бил на церемонија на сечење лента во моментот на нападот и дека на полицијата и биле потребни околу пет минути за да одговори на повикот за помош.