Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција изјави дека и предложил на Владата на Србија да ја врати смртната казна.
– Да ви кажам, утринава и предложив на премиерката да ја вратиме смртната казна, но таа и Владата се против, затоа што само ние, заедно со Белорусија, ќе имавме смртна казна во Европа. и не можеме да го направиме тоа според некои од тие конвенции. Некогаш бев против смртната казна, горко жалам што имав таков политички став – посочи Вучиќ запрашан дали ќе се воведе вонредна состојба, тој одговори не.
– Нема да се воведе вонредна состојба. Не ни треба вонредна состојба за да си ја завршиме работата – рече Вучиќ и додаде дека во следните 13 до 15 дена поголем број членови на МУП ќе излезат на улица бидејќи ова е критичниот период, како што покажаа американски студии.
Како што вели, по тој период ќе се вратиме во нормален живот, но нема да ги заборавиме страшните жртви што беа направени, туку ќе се промениме
– Не ни треба оружје, ни требаат живи, а не мртви деца- заклучи Вучиќ.