Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус. Владата предводена од СДС и ДУИ прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија.
– Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата. Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат, нагласуваат од партијата.
Во соопштението се додава дека сите активности на власта спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија.
– И во тој документ ги има сите нелегални активности како активностите поврзани со коридорите 8 и 10д, лошата ситуација во правосудните органи и слично. Нелегалните или криминални активности на СДС и ДУИ ја чинат Македонија многу, ги чинат граѓаните многу. Состојбите како дома, а така и на меѓународен план мора да се поправи. За ова е потребен целосен рестарт на системот, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.