ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашките пресметки станаа секојдневие, со владата на СДС и ДУИ Македонија е далеку од Европа

од Вести365.МК Ј.Р.

Во време кога имаме посета од страна на висок дипломатски претставник во Скопје на само неколку метри од владата се случува криминална пресметка. Крвавите пресметки континуирано растат, а наместо одговорност од СДС, Ковачевски и Спасовски слушаме фалби дека Македонија била безбедна држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека само за Ковачевски и СДС е европски пукањето сред бел ден во главниот град.

-Македонија се претвори во криминална серија, во која речиси да нема месец, а да не се случи некоја мафијашка пресметка или убиство. Криминалците се пукаат сред бел ден, Ковачевски не убедува дека само што не сме влегле во ЕУ, а министерот за внатрешни работи Спасовски никаден го нема. Нема разлика меѓу подземјето и власта. Тоа е едно! Македонија е далеку од Европа со владата на СДС и ДУИ. Никој во Европа не сака држава во која владеат криминалнот и подземјето. Спасовски не може да пронајде две лица кои вееле знаме на Голема Албанија, а како може да се очекува дека ќе ги пронајде пукачите и убијците. Се палат автомобили на политички опоненти, се киднапираат луѓе, се случуваат мафијашки пресметки, убиства а до денеска нема никаква разрешница, ниту одговор кој стои позади ова, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметат дека СДСМ и Спасовски 7 години не можат да обезбедат државата да е безбедна и велат, затоа се потребни избори.

Слични објави