Поднесени кривични пријави за Филипче, Димитриевиќ и Жерновски за Алта банка Битола

од Вести365.МК Ј.Р.

Поднесени се кривични пријави за претседателот на СДСМ, Венко Филипче, генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ и некогашниот градоначалник, сега секретар за меѓународна соработка во СДСМ Андреј Жерновски, дознава „Република“.

Според нашите информации, кривичните пријави поднесени до Јавното обвинителство се за случајот со Алта банка Битола, a поднесител е Народната банка на Македонија.

Со постојаните напади и обвинувања во нивните јавни настапи околу состојбата на банката, и тројцата изминатиот период предизвикуваа голема паника меѓу јавноста.

Слични објави