Мицкоски: Владата на СДСМ барала влегување во деловни односи со Алта банка

од Вести365.МК Ј.Р.

На денешната надзорна расправа во Собранието за случајот „Алта банка“ премиерот Христијан Мицкоски изнесе нови детали.Тој објави одлука на владата на СДСМ каде барала влегување во деловни односи со Алта банка, сега половина пратеничка група тогаш како членови на владата донеле таква одлука.

Мицкоски објави официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната Влада, предводена од СДСМ, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка.

Секој кој ќе ги исполни условите може слободно да води бизнис во Македонија, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, на владина седница во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, било одобрено Државното правобранителство да постапува во врска со продажбата на акциите што државата ги поседувала во банка која ја купувал Мацура

„И уште во 2023 година владата на СДСМ и ДУИ на владина седница му дала насока на правобранителството државно да влезе во деловни односи со Алта банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура“, рече Мицкоски пред пратениците

Слични објави