Дали е блокирана сметката на Град Скопје?

Блокирана е сметката на Град Скопје, дознава „Сакам да кажам“ од официјални извори кои не се овластени да даваат изјави.

Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот, пишува порталот, според чии извори блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.

Од град Скопје велат дека сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата.

За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов, додаваат тие.

Според нивното соопштение градот Скопје во последната година дена успеа да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве 15 години, за што предуслов е токму намалувањето на акумулираните долгови, систематското материјално-финансиско работење и консолидацијата на финансиите.

Слични објави