БИЗАРНО: Девојка сакала да изнајми стан, па морала да приложи тест за бременост?!

од Вести365.МК Ј.Р.

Германските медиуми пренесуваат искуство на девојка која сакала да се пресели во Берлин поради работа. Таа побарала стан во Берлин-Шенеберг преку платформата WG-Gesucht. Сопственичката и испратила линк преку е-пошта, преку кој треба да резервира термин за да го разгледа станот.

Сепак, сопственичката на станот поставила услови: За да го изнајмите станот, потребно е да обезбедите доказ дека во станот нема да се вселат деца. Дополнително, заинтересираната треба да докаже дека не е бремена. Девојката требало да се консултира со лекар избран од сопственичката на станот. „На интернет можете бесплатно да докажете дека не сте бремена“, изјавила сопственичката на станот во мејлот.

Девојката разочарана од барањето на сопственичката на станот

Девојката и одговаила на сопственичката на станот дека ова барање не е легално. Таа и вратила дека како приватен сопственик може сама да ги одреди условите под кои го издава имотот.

„Секако дека можете да добиете правен совет и, доколку е потребно, да поднесете жалба. Сепак, таа ќе биде одбиена“, изјавила сопственичката.

По уште еден мејл, во кој девојката се повикува на нејзините лични права и основниот закон, сопственичката повторно тврдела дека и е дозволено да го побара тоа.

На девојката и е одбиен стан поради „незаконски обвинувања“ и „недолично однесување кон станоиздавачите“. На страницата преку која девојката барала стан WG-Gesucht, набрзо исчезнале и огласот и профилот на сопственичката на станот, пишува Феникс.

Адвокат специјализиран за право за закуп, кој работи и како портпарол на здружението за заштита на станарите во Берлин, вели дека никогаш не слушнал некој да бара негативен тест за бременост…

Слични објави