Атланта го избира Ризаше за прв пик на НБА драфтот во 2024 година

од Вести365.МК Ј.Р.

Атланта го избра францускиот кошаркар Закари Ризаше како прв пик на драфтот на НБА во 2024 година. 

Во сезоната 2023/24, 19-годишниот Французин настапи на 39 натпревари за Бурж, со просек од 11,0 поени, 4,5 скока и 0,9 асистенции.

Центарот на Перт, Алекс Сар беше избран за втор пик. Деветнаесетгодишниот Французин замина во Вашингтон. 

Во сезоната 2023/24, тој одигра 27 натпревари со просек од 9,4 поени, 4,3 скока и 0,9 асистенции.

Хјустон го избра Рид Шепард како трет пик. Дваесетгодишниот Американец беше член на Универзитетот Кентаки.

Драфтот во Бруклин за прв пат во историјата ќе трае два дена.

Слични објави