Артета: За трофејот во Премиер лигата ни требаат 114 бода

од Вести365.МК Ј.Р.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни што треба да направат играчите на тимот за да го победат Манчестер сити во новата сезона и да го освојат англискиот шампионат.

Во последните две сезони Арсенал заврши на второто место, губејќи го првото место од Сити.

– Треба да освоиме 114 бодови, ако го направиме ова, дефинитивно ќе ја освоиме лигата. Ова е нашата цел, да видиме што ќе се случи. Мораме да го заслужиме правото на победа, изјави Артета за „Goal“.

За да се дојде до такво бодовно салдо потребно е да се победат сите 38 натпревари.

Новата сезона 2024/25 во Премиер лигата започнува на 16 август со натпреварот Манчестер јунајтед – Фулам. Следниот ден, Арсенал ќе го пречека Вулвс. 

Слични објави