Албански навивачи вчера го запалија знамето на Србија на плоштадот Скендербег во Тирана, додека го славеа пласманот на својата фудбалска репрезентација на ЕП 2024 во Германија.
Навивачите го објавија видеото на социјалните мрежи и јавно им се заканија на српските фудбалери со кои можат да играат на претстојното Европско првенство.
Репрезентацијата на Албанија ја заврши квалификациската група на првото место по синоќешното реми со Фарски Острови (0:0), а потоа почна славјето.
Инаку, Србија и Албанија можат да играат во групната фаза на ЕУРО2024, бидејќи за ждрепката со која ќе бидат одредени групите за ЕП, Албанија е вториот, а Србија во четвртиот „шешир“.