Под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ на Плоштадот „Магнолија“ во Битола започна протестот кој има за цел откривање на вистината за ненадејната смрт на шестгодишната Јана Христовска.
Тука сме затоа што бараме правда за секој обичен граѓанин. Мораме да бидеме слушнати. Нашето молчење и тоа дека се е според закон и прописи, протоколи – можам да кажам дека смртта не доаѓа според закон, прописи, протоколи. Јана е од нешто отидена, бараме да откриеме зошто е така“, рече една од присутните на протестот.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана Христовска. Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со фисиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето. Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.
https://www.facebook.com/watch/?v=1257214835206107