Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселиле во Саудиска Арабија, а партнерката на фудбалерот, Георгина Родригез, во интервју за шпански Телемундо открила нови детали и се пожалила дека нивните деца искусиле физичко насилство на училиште.
„Има моменти на училиште кога децата ги удираат и не се бранат“, рекла Георгина и потоа ја опишала ситуацијата.
Пред некој ден ми дојде едното дете плачејќи: Прашав што се случи и добив одговор: „Ме удри едно дете“. Му реков: „Зарем не знаеш да се браниш?“, изјавила таа.
Џорџина и Роналдо живеат по новите правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекршила кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.
Имено, шеријатот владее во Саудиска Арабија и жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, затоа не смее да се носи тесна, но и проѕирна облека.