Хаос во Ла Манш ФОТО

од Вести365.МК Ј.Р.

Патниците од Велика Британија денеска со часови чекаат во редици за да го преминат Ла Манш.

Управата за заливот Довер во Англија тврди дека доцнењата се предизвикани од лошите временски услови, густиот сообраќај, како и долгите гранични процедури на француските власти при влез во оваа земја.

Управата за заливот Довер ги информираше патниците кои сакаат да го преминат Каналот со траект дека ќе има „сериозни доцнења“ и рече дека се „длабоко фрустрирани“ од новата ситуација, пренесува АП.

Управата на овој англиски залив, од кој тргнуваат фериботите за Кале, Франција, тврди дека најмногу доцни автобускиот превоз, но снимките од локалните медиуми покажуваат и долги колони автомобили и камиони.

Денеска започнува двонеделниот распуст во повеќето училишта во Велика Британија.

Одложувањата на транспортот преку Ла Манш станаа вообичаена појава откако Велика Британија излезе од Европската унија, наведува американската агенција.

Слични објави