Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд – СУМ ГО ВИДЕЛА ГОЛ

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп „повеќе не е недопирлив“, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво интервју откако големата порота на Менхетен покрена обвинение против него. Даниелс изјави за лондонски Тајмс дека забележала дека луѓето реагираат поинаку на обвинението отколку пред неколку години, кога беа објавени првите извештаи во печатот за нејзината сексуална средба со Трамп.

„На почетокот беше „спонзоруша, курва, лажга“… Такви работа“, рече Даниелс. „А овој пат е „Ќе те убијам“, рече таа..“ Големата порота гласаше да го обвини Трамп по неколку месеци сослушување докази за исплата на 130.000 долари на Сторми Даниелс во последните денови од кампањата во 2016 година.

Таа тврди дека јавала кога ја слушнала веста за обвинението
Парите биле наменети да го купат нејзиниот молк за сексуалната врска за која вели дека имале години пред тоа. Трамп го негираше тврдењето на Даниелс, а неговиот адвокат ја обвини Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, за изнуда. Даниелс за британскиот весник изјави дека кога ја слушнала веста за обвинението, била надвор јавајќи го својот коњ, кој се вика Redemption.

„Има нешто навистина иронично и смешно во тоа што дознав за обвинението додека седев на коњ наречен Redemption“ (искупување), рече таа, додавајќи дека дел од 130.000 долари што ги добила тајно ги искористила за да купи приколка за коњ.

Таа вели дека не се плаши од идејата да се соочи со Трамп на суд бидејќи го видела гол и „нема шанси да биде пострашен со облеката на себе“. Но, таа ја чувствува сериозноста на ситуацијата и можната опасност. „Каков и да е исходот, ќе има насилство, ќе има и повредени и смртни случаи“, рече Даниелс.

„Постои можност од ова да произлезе многу добро. Но, во секој случај, ќе произлезе имногу лошо“, рече Даниелс.

Слични објави