Уставни измени по ХРВАТСКИ МОДЕЛ нуди Мицкоски – „Еден народ и малцинства“

од Вести365.МК Ј.Р.

„Еден народ и малцинства“. Опозицискиот лидер веднаш прифаќа промена на Преамбулата во Уставот по хрватски терк. Но, предупредува дека, тие што го заговараат тоа, не го прочитале убаво хрватскиот Устав и најверојатно ќе се покајат.

Во хрватската Преамбула стои дека, „Република Хрватска е основана како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства: Срби, Чеси, Словаци, Италијанци, Унгарци, Евреи и така натаму. Спомнати се 22 заедници, меѓу кои и Македонци и Бугари.

Големиот број на спомнатите малцинства се главниот агрумент на ЕУ, а по нив и на СДСМ за убедување дека нема да се случи ништо страшно ако се внесат Бугарите во највисокиот македонски законодавен акт. Беше даден како пример и од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, при неодамнешното гостување во Македонија, а деновиве, при гостување на Телма, го спомна и заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ.

Опозицискиот лидер, сепак, повтори дека во овој парламентарен состав нема да има уставни измени.

Го нарече циркус и предлогот на министерот за правда за зголемување на бројот на изборните единици, од шест на осум.Им порача првин да се договорат во коалицијата, затоа што имаат партии кои бараат една или три изборни единици, да изградат заеднички став, па потоа ќе се изјасни за него.

Слични објави