Од денеска замрзнати цени на основните хигиенски производи

од Вести365.МК Ј.Р.

Од денеска дел од хигиенските производи, согласно владината одлука, треба да се продаваат поевтини за 13%.

Следната недела листата на производи со замрзната цена ќе биде проширена. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на над 10 видови овошје и зеленчук ќе им биде определена највисока продажна цена. Ова доаѓа по изготвените анализи кои покажале дека одредени трговци на овие производи имале маржи што надминувале и по 200%.

Слични објави