Пронајдени се 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса кои исчезнаа во четвртокот, објавија повеќе медиуми, а се очекува информацијата официјално да ја потврди полицијата. Според информациите, девојчињата се пронајдени во близина на паркот во Чаир.
По нив се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната.