Бектеши: Ќе замрзнат цените на овошјето и зеленчукот, трговците на овие производи СТАВАЛЕ МАРЖИ И ДО 200%

од Вести365.МК Ј.Р.

Вчера завршени се анализите за замрзнување на цените на овошје и зеленчикот, рече Министерот за економија Крешник Бектеши пред започнувањето на Централното претседателство на ДУИ. Тој посочи дека е утврдено како некои трговци во месец март, ставале маржи на одредени производи од овошје и зеленчук и до 200%.

„Предлогот на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување на највисоки цени на овошјето и зеленчукот, ќе бидат опфатени над 10 производи на овошје и зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи значи имале големи маржи и до 100 % и 200%. Нашите информации се дека до крајот на април и почеток на мај ќе се зголеми домашното производство и секако дека тоа ќе влијае позитивно.Министерството за економија во соработка со другите институции на дневна база ги следи сите случувања во делот на цените и ќе го направиме најдоброто во интерес на потрошувачите и на граѓаните посебно во месецот на Рамазан и во пресрет на Велигденските празници“, рече Бектеши

Тој додаде дека трговијата со овошје и зеленчук е малку поспецифична, каде се ставаат и поголеми маржи, но не може таа да биде и до 200%.

Слични објави