Уапсен сообраќаен инспектор за железничката несреќа во Грција

од Вести365.МК | Е.Д.

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници денеска е приведен поради железничката несреќа на 28 февруари во која во Темпи загинаа 57 лица, објави „Катимерини“. Инспекторот бил обвинет за нарушување на безбедноста во сообраќајот, поради што загинале патниците.

Пред него беше уапсен и шефот на станицата во Лариса. По трагедијата, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис закажа општи избори за 21 мај. 

Несреќата во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев во јавноста и масовни протести поради загрозената безбедност на железничкиот сообраќај.

Слични објави