Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на својот Фејсбук профил објави фотографии од неговата посета во Србија.
„Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ. Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан“, вели Ковачевски.
„Велат дека за време на добра прошетка се смислуваат најдобрите планови, се водат најпријатните разговори. Додека на пријателот Димитар Ковачевски му покажувам колку се изградил Белград, разменуваме и мислења за ширење на иницијативата Отворен Балкан, ЕУ патот на нашиот регион, положбата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката мапа на Европа и светот, но и околу плановите за претстојните средби и новите проекти за поврзување“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Ковачевски утре ќе има состанок со Вучиќ и Брнабиќ, а по пленарниот состанок на делегациите на двете земји ќе биде одржана церемонија на потпишување документи.