ТРАГЕДИЈА ВО САД: 5 годишно дете ГО ЗАСТРЕЛА 16 месечното братче

од Вести365.МК Ј.Р.

ПЕТГОДИШНО момче го застрелало својот 16-месечен брат во градот Лафајет, северозападна Индијана. Полицијата во вторникот објави дека 5-годишното дете и неговата сестра пронашле пиштол во станот, а 5-годишното дете потоа пукало во помладиот брат, кој е идентификуван како Исаја Џонсон.

Се уште никој не е уапсен
Получникот Мет Гард од полицијата во Лафајет рече дека некој кој не живее во станот се јавил на 911 по пукањето за да пријави дека детето не дише. „Во станот имаше еден возрасен и две деца“, изјави Гард за Журнал и Куриер. Наредена е обдукција која треба да ја потврди причината за смртта, пишува Асошиејтед прес.

Полицискиот поручник нагласи дека никој не е уапсен и дека случајот се уште е под истрага. Откако ќе заврши истрагата, официјалните лица рекоа дека пиштолот ќе биде испратен до Канцеларијата на обвинителството на округот Типекано на преглед за да се утврди дали ќе бидат поднесени обвиненија. Лафајет се наоѓа на околу 100 километри северно од Индијанаполис, главниот град на државата.

Слични објави