Во првите пет дена од прикажувањето, анимириниот филм “Супер Марио Брос” заработи 377 милиони долари, што го прави најуспешен анимиран филм во светот и го собори претходниот рекорд на “Фрозен 2” со 358 милиони долари.
Според Би-Би-Си, овие бројки се сензационални и многу обожаватели не се согласуваат со критиките на критичарите. Некои од гласовите во филмот се Крис Прат кој го игра италијанскиот водоводџија со мустаќи, и Џек Блек кој го игра негативецот Боусер.

Иако некои критичари го опишуваат филмот како “бездушен трик” и “заморен во секој поглед”, филмот доби оценка од 96% на веб-страницата Ротен Томатос. Дејвид А. Грос изјави дека овој филм може да стане најуспешниот филм во 2023 година.