Се замрзнуваат цените на хигиенските производи

од Вести365.МК | Е.Д.

Владата одлучи да ги замрзне цените на хигиенските производи со што ќе одреди највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

Тој рече дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

„Зошто го напоменувам ДДВ, за жал, во собраниска процедура од декември имаме законско решение за овие производи да се решат долгорочно во делот на намалување на ДДВ од 18 на 5 % и ден-денес не е свикана Комисијата за финансирање и буџет сè со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот.

Слични објави