Со автогол, Олимпик Марсеј подобар од Лион!

Екипата на Олимпик Марсеј го задржа своето второ место, кое води во групната фаза од Лигата на шампионите преку Лига 1 откако дојде до голема победа против Олимпик Лион со резултат од 1-2,во славното дерби на двата тима од Франција.

Голот на Марсеј беше постигнат во 44-тата минута од страна на Џенгис Ундер, додека Лаказет на Лион израмни во 68-та минута. Но, победата за Марсеј дојде на смешен начин во последните минути на натпреварот, кога комичен автогол од страна на Густо го донесе крајниот резултат 1:2.

По овој меч, Марсеј има 67 бода и е второпласиран, додека Лион е на седмото место со 50 бода и ќе игра за едно од европските места во Конференциската лига на УЕФА.

Слични објави