Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 1:0 на својот „Камп Ноу“ во дуелот од 30-то коло во шпанското фудбалско првенство. Каталонците имаат единаесет бодови предност пред Реал Мадрид со осум кола до крајот на шампионатот. Феран Торес го измами голманот Јан Облак и постигна погодокот за Барселона пред заминувањето на одмор. Рафиња и Роберт Левандовски имаа промашувања во вториот дел, додека Атлетико не успеа да поентира од неколкуте шанси.
Севилја ја совлада Вилјареал со 2:1 на домашен терен во последниот натпревар во неделната програма. Јусеф Ен Несри постигна победнички погодок за Севилја во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот, додека Рафа Мир се повреди во 14 минута, а Пау Торес израмни во 57 минута. Вилјареал остана на шестата позиција на табелата со 47 бодови, додека Севилја скокна на 12-то место со 38 бодови, осум повеќе од зоната на испаѓање.
Фудбалерите на Валенсија го совладаа „фенерџијата“ Елче на гости со 2:0 во натпреварот од 30 коло во најсилното шпанско првенство и практично го испратија во Сегунда, а си добија добра шанса да останат во елитата, а Мајорка го победи Гетафе, со 3:!1.