Се погласни се гласините дека Лука Дончиќ е незадоволен и размислува да замине од Далас Маверикс, откако тимот од Далас имаше лоша сезона и не успеа да се пласира во плеј-офот. Американските медиуми споделуваат дека Денвер може да биде нова дестинација за него, каде што би можел да игра со Јокиќ.
Според изворите, Денвер може да го добие Дончиќ во замена за Џамал Мареј и Мајкл Портер јуниор, како и неколку пикови од следните драфтови. Ако оваа замена се случи, Денвер би имал еден од најсилните тимови во лигата и ќе биде голем фаворит за освојување на титулата во следната НБА сезона.