Жозе Мурињо добил нереална понуда од Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија да ја води нивната репрезентација и може да заработи 120 милиони евра за двегодишната соработка. Мурињо, кој моментално е тренер на Рома, ќе размисли за понудата, бидејќи тоа е најголемата понуда во неговата кариера.

Саудиска Арабија претходно успеа да донесе Кристијано Роналдо со понуда од 200 милиони евра годишно, но Лионел Меси одби понуда од 400 милиони за да премине во тимот на Ал Хилал. Мурињо во својата кариера има освоено многу трофеи со тимовите Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.