„Аниса и Мелиса се уште не се пронајдени.. Секоја информација ќе ни биде од голема помош..Ве молам споделувајте ја фотографијата…. Најважно е да се споделува фотографијата и да допре до се поголем број на луѓе“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
12-годишната Аниса од Скопје е исчезната од завчера. Родителите кои го пријавиле случајот во полиција и на социјалните мрежи објавија повик за помош.
Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.
МВР го потврди случајот и посочи дека како исчезнато се води и другото постаро девојче со иницијали М.К. кое почесто исчезнувало од домот и ја враќале назад.
Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.
– На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.