Папата Франциск излезе од болница: Сè уште сум жив!

од Вести365.МК Ј.Р.

Папата Фрањо се пошегува дека сè уште е жив откако денеска излезе од болница во Рим, каде што престојуваше во изминатите три дена. Тој беше примен во поликлиниката „Џемели“ во средата поради проблеми со дишењето и потоа му беше дијагностициран бронхитис.

Ватикан претходно соопшти дека папата ќе биде пуштен од болницата в сабота, ако наодите бидат добри.

„Бев уплашен, но сè уште сум жив“, им кажа 86-годишниот Фрањо на новинарите кои го чекаа пред болницата.

Тој заврши во болница во пресрет на најактивната недела во христијанскиот календар, која опфаќа бројни предвелигденски настани и служби.

Фрањо, кој минатиот месец одбележа 10 години откако стана водач на Католичката црква, се соочил со бројни здравствени проблеми во животот, а на 21 година му бил отстранет дел од белите дробови.

Слични објави