Вечерва, Рајо Ваљекано, каде што нашиот Столе Димитриевски брани, по повеќе од два месеци без победа во Ла Лига, конечно славеше триумф од 2:1 против екипата на Осасуна.
Пред овој натпревар, Димитриевски и неговите соиграчи се радуваа на победата на 6-ти февруари против екипата на Алмерија, но потоа Рајо влезе во резултатска криза, за да конечно вечерва успеат да одговорат на предизвикот и слават против незгодниот гостин.
Победата на Рајо беше обезбедена во првото полувреме, кога постигнаа два гола преку Хернандез и Палазон. Во второто полувреме, Осасуна успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Гомез.