Австралиската полиција казни маж кој е виден како носи автоматска пушка АК-47, но се покажа дека не е оружје, туку бонг.
Граѓаните синоќа ја „преплавија“ полицијата во северозападниот дел на Сиднеј со пријави за маж кој се движел по улица со калашников. Во полициската потрага по наводно вооружениот маж се вклучи и хеликоптер, пишува Би-Би-Си.
Наместо оружје нашле бонг
На снимката од надзорната камера на улицата се гледа како мажот оди до паркиран автомобил. Наместо вистински пиштол, полицијата во автомобилот пронашла трева бонг во форма на АК-47.
Полицијата соопшти дека 50-годишен маж подоцна бил уапсен во врска со инцидентот. „Полицијата го пребарала возилото и пронашла имитација на пушка АК-47. Со помош на хеликоптер, полицијата го лоцирала престапникотт на блискиот тревник“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.
Мажот подоцна беше обвинет за недозволено поседување огнено оружје и за заплашување