Новак Ѓоковиќ може да игра на УС Опен !

од Вести365.МК | А.П.

Новак Ѓоковиќ повторно добива можност да патува во САД, бидејќи забраната за невакцинирани странски државјани е укината порано од планираното. Овој потег следува по гласањето на Американскиот сенат во корист на поништување на одлуката за вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус.

Со 68 гласа во корист и 23 против, одлуката треба да стапи на сила многу брзо. Иако планираниот датум за укинување на забраната беше во мај, тоа се случи порано од предвиденото.

Сепак, оваа одлука е донесена прекасно, и не му овозможи на Новак да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Но со оваа одлука, Новак сепак ќе може да настапи на УС Опен, кој се одржува од 28-ми август до 10-ти септември оваа година.

Слични објави