Нела Манческа со ангелски глас воодушеви со својот настап на хрватското супер талент шоу

од admin_vesti365

Нела Манческа со својот ангелски глас и неверојатен талент овој пат ги освои симпатиите на жири комисијата, но и на публиката на хрватското супер талент шоу.


Со неверојатната изведба на “I have nothing” од Витни Хјустон, нашата Нела уште еднаш ја покажа својата моќ на сцената.


Нела, на само 12 години, успешно чекори кон исполнување на својот сон и реализација на светска пејачка кариера. Оваа година освен на супер талент шоуто во Хрватска, Нела ја претставуваше Македонија и учествуваше на Bravo Festival Junior 2024, како и на првиот интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, кој се одржа во Националната опера и балет во Скопје, каде ја освои Гран При наградата.


Изведбата на Нела и нејзиниот настап на хрватското супер тален шоу можете да го видите и чуете на следниот линк.

Слични објави