МЗТ Скопје го продолжува својот оптимизам за опстанок во АБА-лигата по победата од 74-77 против Сплит во претпоследното коло на сезоната. Браќата Стојановски беа најдобри кај гостите, и придонесоаза победата со 16 и 13 поени, додека Александар Бурсач и Мајкл Кефи исто така беа двоцифрени во нападот со 12 и 10 поени.
МЗТ сега чека помош од Црвена Звезда за да им се отворат шансите за опстанок во елитата, најпрво белградскиот тим треба да го победи Борац Чачак во недела. За потоа во последното коло МЗТ мора да ја победи екипата на Цибона во Јане Сандански, а екипата на Борац треба да загуби против фаворитот Будуќност и со ваков евентуален расплет го осигура својот опстанок во АБА-лигата.